Одбиени барањата за изземање на Џолев и Судечкиот совет за „Тенк“

Од:

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок жалба. Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено.

Адвокатите повторно побараа изземање на Судечкиот совет обвинувајќи го за пристрасност. СЈО, пак, предложи доколку сите бранители се согласни дека треба да има изземање, тоа да биде направено веднаш и да не се одолговлекува. Адвокатите на обвинетите укажаа дека секој од нив поединечно има право да поднесе барање за изземање.

Претходното барање за изземање, како што образложија адвокатите, беше поради тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.

Во случајот „Тенк„ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он