ВИДЕО: Локвенец 15-та година по ред за „Богојавление“ во „Св.Јован Бигорски“

Од:

Традиционално 15-та година по ред, Хари Локвенец- кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, ја посетува и помага традицијата на манастирот „Св.Јован Бигорски“ , фрлање на крстот во реката Радика во село Ростуше, по повод големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици.

Традицијата- фрлање на крстот за Водици од Ростушки Мост, е востановена од страна на монасите од манастирот„Св.Јован Бигорски“ во 1997 година. Од 1998 година, без престан, дури и во во најтешките мигови, секоја година Хари Локвенец го помага овој чин, во духот на христијанската традиција и секоја година на среќниот човек кој ќе го извади крстот од водата, му подарува компјутер.

Оваа година 15-та по ред, на најсреќниот кој го го извади крстот од Радика, Хари Локвенец му посака многу здравје, среќа, успех и бериќет во животот и му подари лап-топ компјутер. Локвенец беше срдечно и топло пречекан од кумовите на годинешната прослава, а беше поканет од новите кумови да присуствува на прослвата за „Богојавление“ во с.Ростуше и идната година.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска