Венгер: Прерано е да се зборува за следната фаза

Од:

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер остана смирен по убедливата победа со 4:1 над ЦСКА Москва во првиот четвртфинален дуел од Лига Европа, кој се одигра на „Емирати“ во Лондон.

Според Французинот, резултатот не одговара на прикажаното на теренот, бидејќи гостите од Русија им отежнале многу „топџиите“.

– ЦСКА е добар тим, многу брз во нападот. Повеќето тимови доаѓаат на „Емирати“ со идејата да играат одбранбено, додека ЦСКА напаѓаше многу. Тие имаат добри играчи, но не сакам да издвојувам лично никого. Ривалот ги казнуваше сите наши грешки, изјави тренерот на пресот по мечот.

Тој потоа се осврна на играта на својот тим по наубедливата победа во Лига Европа оваа сезона.

– Добро е што постигнавме многу голови. Прерано е да се зборува за следната фаза од Лигата на Европа. Мора да се мисли на реваншот. Радосен сум и за Арон Ремзи, кој станува подобар со секој изминат натпревар, прокоментира Венгер.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска