Франција ќе го поддржи Мароко во изборот на домаќин за СП 2026

Од:

Претседателот на француската фудбалска федерација, Ноел Ле Гре, рече дека ќе ја поддржи кандидатурата на Мароко како земја домаќин на Светското фудбалско првенство 2026 година.

Мароко ќе се обиде да ја доби организацијата на Мундијалот во конкуренција на заедничките кандидати САД, Канада и Мексико.

– Не гледам причина да не ја поддржиме блиската земја. Во Африка, во целата историја имаше само едно светско првенство. Тоа е премалку. Мароко може да биде домаќин на турнир, дури и ако оваа земја нема исти финансиски ресурси како и нејзините конкуренти. Франција ќе гласа за Мароко, можеби ќе ги охрабри и другите европски земји да го направат тоа, изјави Ле Гре.

Одлуката кој ќе го организира Мундијалот 2026 ФИФА ќе ја донесе на 13 јуни, еден ден пред почетокот на СП 2018 во Русија.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ