ОЈО ќе го истражува ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година

Од:

Владата на вчерашната 62. седница донесе одлука ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година да биде испратен до Основното јавно обвинителство со цел дополнителна проверка на два индикативни наоди и започнување евентуални постапки, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

– Првата се однесува за купување на имот. Во 2011 година МЕПСО добила понуда да откупи имот од 2.178 метри квадратни по цена од 3,7 милиони евра, што ја одбива. Две години подоцна истиот имот, друго правно лице го продава на МЕПСО по цена од 4,8 милиони евра, изјави Бошњаковски.

Втората информиација, посочи тој, се однесува од времето на двоење на Електростопанство на Македонија, кога дел од мрежата во сопственост на МЕПСО не бил впишан во катастар како дел од имотот на компанијата.

– Овие објекти ЕВН ги има издадено под закуп и има земено хипотекарен кредит. Во ревизорскиот извештај е наведено дека оваа ситуација мора да се расчисти, односно дека имотот е во сопственост на државата, изјави Бошњаковски.

Прашан за кое раководно лице во МЕПСО станува збор, Бошњаковски рече дека се работи за 2016 година, но точните имиња не ги знае.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски