Мнозинството граѓани не чуле за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и на Агенцијата за електронски комуникации, покажа истражувањето на јавното мислење за работата на овие 2 институции.
Анализата ја спроведоа Евротинк, НВО Инфо центар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет во проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспаретноста, и одговорноста на регулаторните тела за медиумите „PROformance Watch“. Високи 77% од испитаниците одговориле дека не чуле за Агенцијата за медиуми, а 62% за Агенцијата за електронски комуникации.
Телефонската анекта била спроведена во периодот од 2 март до 23 март на репрезентативен примерок од 1043 испитаници со +/-3.03% маргина на грешка. Билјана Бејкова од НВО Инфо центар рече дека еден од најголемите предизвици е овие 2 институции да бидат независни од сите партиско-политички центри на моќ.
Горан Лазаров изјави дека треба да работи на промоција на надлежностите на овие институции, бидејќи граѓаните не се доволно запознати со работата на овие институции и треба, а дел од оние кои што ги знаат надлежностите, често ги мешаат.
Васко Маглешов