ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заробена држава, а судството се користи за политички прогон на неистомислениците

Од:

„Република Македонија стана земја каде власта не ги почитува ниту институциите, ниту Уставот и законите. Правната држава е заробена од страна на СДСМ, а судството се користи единствено како алатка за политички прогон на неистомислениците.

Судството и државните институции се под страшен притисок и под контрола на човек обвинет за поткуп за што се увери и јавноста. Во Македонија веќе не се почитуваат конечни и извршни одлуки на Врховниот суд кој е највисока судска установа.

Власта со повторното апсење на веќе ослободените од притвор влева страв кај граѓаните со цел да ги онеспособи сите оние кои не се согласуваат со нивните антидржавни и катастрофални политики.

Република Македонија е заробена држава и на удар е секој еден кој си ја сака државата и не се согласува со власта. Неосновано се монтираат обвиненија само да се прикријат скандалите и криминалот на власта.

Сето ова се прави со цел да се дефокусира јавноста од погубните и катастрофални политики на владата. Македонската економија предводена од СДСМ има 0% и раст и е убедливо на последна на дното во Европа.

Планот за реформи 3-6-9 стана план за антиреформи и доживеа тотално фијаско.

Наместо реформи во правосудството добивме заробено судство. Наместо борба против корупција добивме борба за корупција. Наместо професионална администрација добивме партизирана администрација. Наместо слобода добивме монтирани случаи и погазена демократија.

СДСМ преку штетните политики целосно ги уништи македонските институции и државата, а сметката за тоа со генерации ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. Колку побрзо падне оваа власт толку побрзо Република Македонија ќе тргне на вистинскиот пат. Ќе се врати демократијата во државата, економијата ќе заживее, а реформите ќе може да се спроведат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет