Ученици од Кочани ќе реализираат практична настава во ЕВН Македонија

Од:

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани потпиша договор за соработка со ЕВН Македонија, со што учениците ќе можат да реализираат практична настава.

На работната средба со претставници од компанијата, раководниот тим на техничкото училиште и учениците се договорија изучувањето на практичниот дел да се реализира во подружницата на ЕВН Македонија во Кочани.

– Практична настава во објектите на ЕВН ќе имаат учениците од трета и четврта година кои се школуваат во струката електротехничар енергетичар. Нивната пракса на терен ќе започне по завршувањето на теоретската настава во месец јуни, а за тоа ќе добијат и финансиски надоместок, истакна директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Гоце Савев.
На пазарот на труд кај нас има недостиг од стручни кадри од областа на енергетиката, поради што практичната обука ќе им помогне на завршените средношколци полесно да најдат вработување.

Договори за реализирање практичен дел од наставата, кочанското средно училиште веќе има потпишано и со компаниите „Амфенол“, „Водовод“ и „Руен Инокс Аутомобиле“.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски