Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи инфоден за потпрограмата МЕДИА на програмата „Креативна Европа“ на Европската унија.
Фокус на инфоденот се повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски фестивали“, а гостин на настанот ќе биде Невена Негојевиќ, раководителка на Канцеларијата за „Креативна Европа“ МЕДИА на Србија.
Македонија е членка на потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ од јули 2015 година и досега македонските продуценти, фестивали и дистрибутери добиле вкупна финансиска поддршка од 420.000 евра.