Утрово на скопскиот аеродром беше поставен натписот со новото име на аеродромот – „Меѓународен аеродром Скопје“. Буквите се во сина боја и идентичен фонт како и претходниот натпис на кој стоеше „Аеродром Александар Велки“.
Владата на Република Македонија во знак на добра волја во односите со Грција, го промени името на скопскиот аеродромот, а од истите причини, од зградата на аеродромот беше отстранет и споменикот на Александар Велики.
Од ТАВ Македонија велат дека промената на името на скопскиот аеродром се спроведуваат во согласност со инструкциите на Владата и дека сите промени се прават во рамки на домашниот систем. Меѓународната кратенка за скопскиот аеродром СКП, останува иста.
Меѓу другото, Владата исполни уште едно ветување кон нашиот јужен сосед, а тоа е промената на името на автопатот Е-75 од „Александар Македонски“ во „Пријателство“.
Виктор Јованов