Инфо сесија за „#ОброкЗаСите“ со старт-ап заедницата и невладиниот сектор

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој и Министерство за труд и социјална политика ќе го промовираат јавниот повик „#ОброкЗаСите“ за доделување финансиски средства за креирање на иновативно системско и одржливо решение за обезбедување храна за лица или семејства со реална потреба за поддршка од заедницата.

На инфо сесијата ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки разво Јован Деспотовски.

Повикот беше објавен на 23 март. Сите заинтересирани микро, мали и средни компании, како и граѓански организации можат да се пријават на јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика „ОброкЗаСите“ кои со финансиски средства ќе помогнат да се реализираат најиновативните решенија за обезбедување храна за сиромашните граѓани, понудени на повикот.

– „ОброкЗаСите“ цели кон изнаоѓање на иновативно, системско и одржливо решение за обезбедување на храна за лица и семејства со реална потреба од поддршка на заедницата. Со решението ќе се овозможи вишокот храна од производителите на храна, дистрибутерите, трговците, угостителските објекти и домаќинствата што би сакале да бидат дел од оваа платформа, ефикасно да биде распределена и доставена до одредени места каде социјално загрозени граѓани имаат пристап, рече тогаш директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Овој повик, беше речено, треба да овозможи да се најде иновативно решение за да се обезбеди храна на сите и систем што ќе значи собирање на вишоците храна кои остануваат и во моментов завршуваат на отпадите и да се насочат кон оние граѓани за кои оваа храна значи многу бидејжи живеат во сиромаштија.

Јавниот повик е отворен до 21 мај. Тој се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија и граѓански организации што работат во доменот на социјалното претприемништво или имаат намера својата дејност да ја прошират на ова поле.

Вкупниот буџет за овој повик е два милиони денари. Ќе се финансираат 90 проценти од вредноста на проектот, а 10 проценти ќе треба да покрие самиот апликант.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Куманово објави повик за оброк за ранливите категории граѓани

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор