Одбележување на Водици во Куманово

Од:

Верниците во кумановско денеска масовно го одбележуваат верзскиот празник Богојавление. Во сите цркви во кумановско се оддржа богојавленска литургија, каде верниците се помолија за здравје, пресекоа колач и си зедоа осветена вода.

Во базенот на ФЗЦ свештенството од  црквата Св.Мина организираше фрлање на светиот крст. Оваа година, крстот го фати 21 годишниот кумановец Миодраг Јовановски.

– Втор пат скокам по крстот, посакувам да ми донесе здравје, среќа, а наскоро очекувам принова во семејството, вели Јовановски, вработен како пекар во приватна кумановска пекара.

Денешниот празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане