„Титаник“ одложен, одбраната побара време за увид во доказите

Од:

Адвокатите на обвинетите во „Титаник“, побараа да биде одложено денешното судење, како и рочиштата за цел месец април.

Причината, како што наведуваат, е за да направат увид во списите на предметот. Според нив станува збор за огромен доказен материјал.

Некои од адвокатите поднесоа и приговори за отфрлање на „бомбите“ како доказ во судењето. Адвокатката на поранешната заменичката на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, Татјана Поповски, рече дека нејзината клиентка не добила ниеден доказ.

Адвокатот Донче Наков рече дека потрошол еден ден за да ги нумерира кутиите со доказите. Тој рече дека користел и паузи од други судења за да направи увид.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова рече дека изјавите на адвокатите не се точни, бидејќи, уште во фаза на истрага прибирала докази и фаза по фаза им доставувала цедеа и списи.

Таа рече дека дел од адвокатите кои тогаш им биле застапници на обвинетите имале можност да направат увид.

Во СЈО доаѓале стручни соработници кои вршеле увид по два до три часа, иако можеле тоа да го прават осум часа дневно.

„Доказите им беа предадени навреме. Јас отидов и чекор понатаму и без законска обврска, повторно ги нумерирав и им ги пратив доказите. Обвинетата Билјана Бришкоска Бошковски го врати писмото што и го пратив, со рачна назнака дека прима докази само преку судот“, рече обвинителката.

Дополнителено, рече Стеганова, Апелациониот суд по жалба на СЈО веќе одлучи „бомбите“ да бидат доказ во постапката при оценката на обвинителниот акт.

Судот им го прифати барањето, до 12 април можат да прават увид во списите на предметот.

Обвинетите, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски и уште 20 лица, присуствуваа на денешното рочиште.

Груевски го бранат шест адвокати: Дончо Наков, Стерјо Зиков, Димитар Дангопв, Сања Алексиќ, Боро Тасевски и Еленко Миланов.

Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, покрај Груевски, обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Судија во „Титаник“ е Осман Шабани, а СЈО го застапуваат обвинителите Лиле Стефановска и Љубомир Лапе.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески