Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката

Од:

Тричлената комисија задолжена за четвртиот конкурс „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт во допис до медиумите се оградува од скандалозните содржини објавени во стихозбирката.

Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчовски наведуваат дека од Агенцијата за млади и спорт им биле предадени авторски дела, потпишани со шифра, дека комисијата немала увид во идентитетот на авторите, ги разгледала делата и направила избор на песни за прва, втора и трета награда.

– Дополнително, пред неполн месец, беше побарано да напишеме предговор за книгата во кој дадовме општ осврт за повеќето од пристигнатите песни. Комисијата немаше обврска да прави селекција на пристигнатите песни за книгата, а со оглед на тоа што од песните што ни беа дадени на разгледување, некаде околу 80, се објавени само 44 песни, значи дека сепак некој направил селекција. Притоа, никој од нас не беше консултиран кои песни да влезат во изборот за книгата, а кои не, пишува во реакцијата на тројцата членови на комисијата.

Тие посочуваат и дека решението што на прес-конференцијата вчера го прочита директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ним никој не им го презентирал или доставил.

Каевски вчера рече дека во Решението за формирање стручна комисија во точка 3 во 2-от дел стои: Комисијата ќе изврши селекција на пристигнатите творби за збирката млади поети и ќе изготви писмен извештај до директорот на АМС. Ја цитираше и точка 4 – дека членовите на стручната комисија се должни работата да ја извршуваат совесно, стучно и непристрасно, како и согласно позитивните законски прописи на РМ.

– Како жири-комисија, уште еднаш се оградуваме од скандалозните содржини вклучени во збирката, наведуваат членовите на комисијата во денешната реакција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска