Девет постигнати голови видоа 60.те илјади гледачи присутни на првиот натпревар од 18.коло во Бундес лигата одигран синоќа во Гелзенкирхен. Домаќинот Шалке со 5:4 го победи Хановер во дуел со кој по едномесечна пауза продолжија возбудувањата во Германското фудбалско првенство.
За денеска во терминот од 15 часот и 30 минути закажани се натпреварите: Баерн Минхен – Гројтер Фурт, Баер Леверкузен – Ајнтрахт, Волфсбург – Штутгарт, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах и Мајнц – Фрајбург, додека Вердер и Борусија Дортмунд својот натпревар ќе го започнат од 18 часот и 30 минути. Два натпревари ќе се одиграат утре. Двојките се: Нирнберг – Хамбургер (15:30 часот) и Фортуна Дизелдорф – Аугсбург (17:30).
Табела: Баерн Минхен 42 бодови, Баер Леверкузен 33, Борусија Дортмунд 30, Ајнтрахт 30, Шалке 28, Фрајбург 26, Мајнц 26,…