Американската амбасада е вистинско шпионско дувло каде во моментот има 80 агенти на ЦИА, а под нивна контрола се околу 1000 агенти во македонската тајна полиција, изјави денеска на прес-конференција Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија, револтиран од одлуката на МНР да протера руски дипломат.
– Никола Димитров длабоко го навреди македонскиот народ, бидејќи се солидаризирал со Велика Британија, која во 1948 фрлаше бомби врз Македонците во Беломорска Македонија, која сега се залага за промена на македонското име и идентитет, кантонизација според мапата на Чарлс Гарет, која му ја покажал на претседателот Иванов, вели Бачев.
Г.Н.Р.