Во објавената збирка поезија од проектот „Млади поети“, издадена од Агенцијата за млади и спорт се најде поезија со шовинистички карактеристики.
Граѓаните на социјалните мрежи реагираа на текстот од песната „Партиски вработена“ во која што низ стиховите се пишува дека таа „пушела кај координаторот“, и „го примала корнишонот на премиерот“.
Како уредник на збирката е потпишан директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Од Агенцијата синоќа преку нивниот Фејсбук профил соопштија дека изборот на песни за збирката бил напревен од надворешна комисија, а АМС немале увид во содржината. Тие се оградија од содржината која содржи дискриминација.
АМС најави истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена.