Фудбалерот на Атлетик Билбао Фернандо Љоренте на крајот од сезонава се сели во редовите на Јувентус, пренесува „Марка“.
Според високотиражниот весник, напаѓачот ќе потпише четиригодишен договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра годишно.
Љоренте е под договор со Атлетик Билбао до јуни годинава, по што е слободен играч.