Eкипата на АВ Охрид последна обезбеди место во Суперлигата, откако во 22. коло победи на гости кај Карпош Соколи со 90:99.
Во Суперлигата ќе играат Работнички, Блокотехна, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар и АВ Охрид, додека за опстанок ќе се борат Фени Индустри, Кожув, Пелистер, Шкупи, Карпош Соколи и Струмица.
Суперлигашките натпревари почнуваат утре, а очекувано највозбудливите мечеви меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се одиграат на 14 април во „Градски парк“, односно на втори мај во „Јане Сандански“.
Со натпреварите меѓу МЗТ Скопје и Куманово, односно Пелистер и Шкупи, ќе се означи старт на втората фаза.
Суперлига – прво коло:
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово – 31 март (17.45)
Гостивар – Блокотехна – 31 март (18.00)
АВ Охрид – Работнички – 1 април (17.00)
Плеј-аут – прво коло:
Пелистер – Шкупи – 31 март (18.00)
Струмица – Фени Индустри – 1 април (17.00)
Карпош Соколи – Кожув – 1 април (20.30).