Познатиот француски спортски весник „Л`Екип“ објави дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел, ќе го замени Унаи Емери на клупата на Пари Сен Жермен.
Францускиот весник наведува дека Емери е се поблиску до заминување од Париз, бидејќи покрај вложените средства не ги оправдал очекувањата на раководството.
Според „Л`Екип“ договорот меѓу парискиот клуб и Тухел е веќе во завршна фаза, а наводно германскиот стручњак веќе бара помошник тренер, кој ќе му се придружи во француската престолнина.
На последениот состанок германскиот стручњак оставил силен впечаток на раковотството на ПСЖ, бидејќи течно зборува француски јазик, но и со неговиот ангажман со Борусија Дортмунд.
Од ПСЖ се уште официјално нема потврда за овие гласини.
Претходно и германски „Билд“ пишуваше дека Тухел откако го одби Баерн од Минхен, негова следна дестинација ќе биде Париз.