А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Во Прилеп се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи, а не бегалски камп

by А1он30/03/2018 - 16:16151
Share0

„12 години криминалната ВМРО-ДПМНЕ се служеше со ширење лажни вести и пропаганда, преку кои ширеше омраза, поделби и конфликт помеѓу граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Користејќи највалкана кампања, директно и индеректно преку медиумите и порталите блиски на ВМРО-ДПМНЕ, оваа криминална партија ги плашеше и вознемируваше граѓаните со наводна изградба на бегалски кампови коишто никогаш не се случија и нема да се случат во Република Македонија. Бегалските кампови се конструкции произлезени од главата на Груевски и бандата околу него, од коишто никако да се огради Христијан Мицковски.

И претходно, а и сега, јасно и гласно потврдуваме дека во Прилеп бегалски кампови нема да има! Никогаш!

Во Прилеп, во непосредна близина на касарната, за потребите на Министерството за внатрешни работи, се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата, финансиран со средства од Европската Унија во висина од околу 3.400.000 евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со Информатичкиот центар, полицијата ќе обезбеди континуитет со работата и зачувување на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Со ова, се зајакнува капацитетот на полицијата и се засилува сигурноста и безбедноста на граѓаните на Прилеп и Република Македонија.

Затоа, очајни се обидите на партиските портали на ВМРО-ДПМНЕ коишто бесрамно шират лажни вести, омраза и страв помеѓу граѓаните дека во близина на прилепската касарна ќе се градел камп за бегалци. Ширењето страв и омраза во јавноста е казниво со Закон и за тоа се одговара.

Граѓаните да бидат сигурни, никогаш повеќе нема да се случи „МВРО-ВМРО“ со кое раководеше партискиот послушник на Груевски, Гордана Јанкуловска.

Полицијата ја враќа професионалноста во своите редови, во интерес на безбедноста на сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

prilepsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 11:3017/08/2026 - 11:30

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 10:53

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски17/08/2026 - 08:5117/08/2026 - 10:13

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 13:07

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:31

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 17:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео