(ВИДЕО) Мицевски: Проектите со кои се фали Заев се проекти кои што се планирани и започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Владата призна дека 10 месеци ништо не работела. Проектите со кои се фали Зоран Заев се проекти кои што се планирани и започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ.

10 месеци власта не само што не започна нови инфраструктурни проекти, туку и ја запре изградбата на патиштата почнати од ВМРО-ДПМНЕ. За сега да се фали дека на нив ќе продолжи да работи“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За магистралниот пат Штип-Радовиш средствата се обезбедени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, преку ЕБРО. Патот Ранковце-Крива Паланка е пат за кој финансиите се обезбедени уште во 2015 година и тој се гради. Исто како и магистралниот пат Градско-Прилеп, за кој средствата се обезбедени уште во 2016 година.

Заев излажа кога овие патишта ги престави како инвестиција на владата на СДСМ.

СДСМ ветуваше инфраструктурен бум, а гледаме инфраструктурна стагнација. Автопатите и магистралните патишта кои ги најави СДСМ се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација. Овие патишта беа неосновано запрени подолг временски период.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект целосно реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложува повеќе од 10 месеци поради неспособноста на властите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт овој автопат ќе беше пуштен во употреба.

СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгира рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип, кој доколку беше ВМРО-ДПМНЕ на власт сега ќе беше пред пуштање во употреба.

Ниту еден пат кој беше презентиран од Заев не е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наместо да троши време на прес конференции треба да ги продолжи проектите со цел нивно побрзо пуштање во употреба. Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија.

Граѓаните заслужуваат подобро. Државата мора да оди напред. Неработата и стагнацијата не се решение“, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски