(ВИДЕО) Мицкоски: Економијата прикована на дното, граѓаните заслужуваат подобро

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

На економски план Мицкоски посочи дека Македонија е закована на дното и дека на државата и се случува економско цунами наречено Заев, Тевдовски, Анѓушев на кое од неодамна му се приклучи и Сугаревски.

– Имаме економија која е прикована на дното, градежништво кое паѓа, движење на невработеност која стагнира наместо драстично да се намалува, резерви на државата кои се намалуваат, сиромаштија која се зголемува, иако граѓаните заслужуваат многу подобро и поквалитетен живот, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека 10 месеци има застој и во капиталните инвестиции.

– Ги критикувавме за капиталните проекти и вчера излегоа на прес конференција каде викаат 270 милиони евра ќе вложат во реконструкција на локални и регионални патишта, а притоа заборавија да кажат дека проектите и парите за таа реконструкција се подготвени од претходната влада пред 10 месеци. Ако ги отпочнеа на време досега барем половината од нив ќе беа завршени, градежните фирми ќе вработеа плус работници, ќе имаше повисоки плати, истакна Мицкоски.

Мицкоски пред присутните потенцираше дека нема друг пример на држава во Европа каде што политичар кој самиот признава дека е корумпиран, ја води државата.

Во врска со законот за јазици претседателот Мицкоски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека овој закон е противуставен и неприменлив. Тој посочи дека прекршена е процедурата и за тоа одговорност ќе има.

– Талат Џафери и парламентарното мнозинство се обиде да донесе нелегален документ на нелегален начин притоа прекршувајќи деловник за работа на Собранието кој што е и закон. Вратете го документот дајте да седнеме да направиме достоинствено, уставно и применливо решение за сите во Република Македонија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски