Без судии од Англија на Светското првенство во фудбал во Русија

Од:

ФИФА објави официјално листа од вкупно 99 судии кои ќе судат на натпреварите од Светското првенство во Русија ова лето.

За првпат, меѓу нив нема да има претставник на Англија, пренесе „Би Би Си“

Листата содржи имињата на 36 судии и уште 63 странични, кои претставуваат вкупно 46 земји.

Со најмногу претставници е Европа – 10 главни судии и 20 асистенти, а меѓу нив е и Германецот Феликс Брих, кој го водеше финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус минатата година.

На избраните судии им претстои учество во два семинари, организирани од ФИФА. Првиот од нив е на крајот на април во Италија, додека вториот ќе се одржи во Москва во пресрет на турнирот, кој започнува на 14 јуни.

Тогаш ќе стане јасно и кои од судиите ќе одговараат за системот за видео-повторувања што ќе дебитира на СП.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он