Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни

Од:

Регионалниот пат од Сопиште преку Водно до центар е комплетно завршен и се очекува да биде пуштен во употреба на крајот од првата половина на годинава, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на прашање од пратеникот Далибор Богдановски од СДСМ.

Во врска со рехабилитацијата на патните правци министерот рече дека во 2017 година таа е извршена на делниците Припор до Сопиште и Сопиште до Говрлево.

На делницата од Сопиште до Долно Соње не е извршена рехабилитација поради изградбата на водоводната мрежа, рече Сугарески и појасни дека по нејзиното завршување ЈП за државни патишта ќе предвиди средства за тој регионален пат.

– Во однос на изградбата на Сончев град проектот за изградбата на населбата е во надлежност на општината Сопиште, додаде министерот Сугарески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

Мицевски: Во Сопиште гори гори нискостеблеста шума, засега нема опасност за населението

Горан Наумовски

Гори во Волково и Сопиште, пожарот на Водно ќе се гасне со три „ер трактори“

Горан Наумовски

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он