Конференција за проектот „Следење на работата на ДКСК“

Од:

Завршната конференција на проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На конференцијата најавено е обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и на заменик шефот на мисијата на Британската амбасада во Македонија, Пол Едвардс.

Пред присутните ќе бидат презентирани наодите од следењето од последниот квартал во 2017 година, како и резултатите од анкетата со граѓаните во врска со работата на ДКСК. Покрај тоа, ќе биде презентиран и новиот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија за 2017 година, кој дава сеопфатна слика за распространетоста на корупцијата, за подложноста, за притисоците и отпорноста на корупција, како и за перспективите и очекувањата во борбата против корупцијата.

Конференцијата е дел од проектот „Следење на работата на ДКСК“, што го спроведува МЦМС, а кој е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски