Мицкоски се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (27 март 2018та година) оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

Мицкоски на средбата го запозна амбасадорот Ромео со видувањата за политичката состојба и економските случувања во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека е сериозен проблем политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици кој меѓу другото ја оддалечува државата од стратешките цели влезот на државата во ЕУ и НАТО.

На средбата се разговараше и за насилното носење на Законот за јазици кој е надвор од рамките на Уставот како и за неажурноста на Владата по однос на реформските процеси.

Законот за јазици преставува подривање на уставниот поредок, но и соживотот, и внесување на поделби во граѓанското ткиво на државата, времето потрошено на тоа, значи помалку внимание за клучните реформи кои треба да го направат животот на граѓаните поквалитетен, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го информираше амбасадорот за загрижувачкиот застој во економијата кој се должи на недоволната посветеност и неспособноста на владата да менаџира со државната каса.

На средбата се говореше и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу двете држави како и интеграциските процеси. Мицкоски истакна дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството на државата во ЕУ и НАТО, а на тој план Владата на СДСМ има неуспех во реализација на планот 369.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет