ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски на средби со директорите на ИРИ Јан Сурочак и Илини Мангова

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Јан Сурочак, Директор за Европа на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) и Илина Мангова, директорка за Македонија на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

На средбата се разговараше за актуелната политичко општествена ситуација, за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даде осврт на актуелната политичка ситуација, истакнувајќи дека државата се движи во ќорсокак, и дека владата нема план за општествен и економски развој.

Обидот на сила да се донесе неуставниот закон за јазици преставува еклатантен пример за недостигот на демократски капацитет кај парламентарното мнозинство и премиерот Зоран Заев и таквиот чин преставува удар врз демократијата, истакна Мицкоски. Тој додаде дека владата преку политичкиот терор кој го спроведува практично придонесува за поделено општество и раст на меѓусебната нетрпеливост.

Мицкоски истакна дека државата се осиромашува, имаме раст кој се движи околу нулата и не се продуцира додадена вредност во економијата, наспроти тоа задолжувањата растат, градежништвото и другите стопански дејности назадуваат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека партијата е отворена за соработка со меѓународниот институт и дека во таа насока треба да се искористат расположливите потенцијали.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина