Манчевски на средби со еврокомесраката Габриел и српскиот министер за ИТ, Поповиќ

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на меѓународната конференција на тема „ИТ Хаб конект 2018 – иновации, регулатива, инвестиции“, што се одржува во Софија, се сретна со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел и министерот за иновации и технолошки развој на Република Србија, Ненад Поповиќ.

Од Министерството за информатичко општество и администрација соопштија дека на состанокот со еврокомесарката Габриел, Манчевски разговарал за повеќе теми и прашања кои произлегуваат од дигиталната агенда. Тој ги претставил активностите кои ги превзема МИОА во делот на мапирање на територијата за широкопојасен интернет, подготовката на стратегија за сајбер безбедност, како и заложбите за вклучување на трет мобилен оператор во Македонија.

Еврокомесарката Габриел ги поздравила активностите и ја понудила целосната поддршка и експертиза на Европската Комисија за реализација на сите зацртани цели на МИОА.

Што се однесува до поддршката во делот на драстично намалување на цените за роаминг, тоа останува да биде високо на агендата на еврокомесакрата, и ќе биде една од главните теми за кои ќе се разговара на престојниот Дигитален самит, што ќе се одржи на 18 и 19 април во Скопје, информираат од МИОА.

Состанокот со министерот Поповиќ бил посветен на соработката и размената на искуства помеѓу двете држави во делот на технолошкиот парк и иновациите. Двајцата министри се согласиле дека Дигиталниот самит е одлична можност каде ќе можат да се разговара за поврзаност во иновациските системи, како и организирање на заедничка конференција во регионот, посветена на предизвиците во ИТ сферата.

Прифаќањето на дигиталните сертификати во регионот ќе биде во фокусот на Дигиталниот самит. На состанокот министерот Манчевски и министерот Поповиќ се согласиле дека Македонија и Србија можат да бидат државите каде ќе се развие пилот проект, што понатаму ќе биде превземен како успешна приказна и во другите земји во регионот.

Тоа што во скоро време може да се очекува како заедничка активност меѓу овие две држави е организирање на Хакатон и фонд за поддршка на иновативни идеи, со цел вклучување на младите во ИТ бизниси, наведуваат од МИОА.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он