Чарлс Гарет: Ја поздравувам одлуката на МНР за протерување на руски дипломат

Од:

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет ја поздрави одлуката на македонското Министерство за надворешни работи, да протера еден руски дипломат од земјава, поради случајот Скрипал.

– Го поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност, напиша амбасадорот Гарет на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.

Би можело да ве интересира

Русија под силен удар, Украина вели: Возвративме со ракети „Нептун“, руската армијата остана „слепа“

Русија го нападна Киев со балистички ракети

Жестока украинска одмазда по рускиот масовен напад

Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу Русија и Украина до март

Дистопијата станува реалност: Русија развива роботски птици со домет од 400 километри

Наследство од 1945 година: Јапонија сè уште бара мировен договор со Русија