Куманово се подготвува за Пивтијада

Од:

Традиционалната манифестација „Пивтијада“ и годинава ќе се одржи по 11-ти пат во Куманово во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“.

На манифестацијата годинава ќе учествуваат седумнаесет натпреварувачи. Пивтијадата ќе започне утре напладне и за разлика од досега наместо два дена ќе трае еден ден во знак на почит поради смртта на Драгиша Димитријевски-Шипе.

– И годинава е планирана богата културно-уметничка програма со настап на локални културно-уметнички друштва, а предвидено е да имаме и гости од соседните градови, изјави претседателот на здружението Зоран Павловски.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а најдобрите учесници ќе добијат награди. Направените пивтии по завршувањето на манифестацијата ќе бидат поделени на граѓански здруженија и на деца со интелектуална попреченост.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане