ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за изградба на мост над Вардар во Аеродром е проект на Коце Трајановски

Од:

„Петре Шилегов, во недостаток на идеи ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски.

Проектот за изградба на нов мост кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Керамидница е проект од програмата на Коце Трајановски за локалните избори од 2017 година.

СДСМ и Петре Шилегов наследија полна каса од над 20 милиони евра во Буџетот на градот од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ, пари оставени за проекти, за сега Шилегов да може да се фали и да гради.

Безидејноста на Шилегов и немањето на план за работа, го покажува и фактот што во својата изборна програма истиот, нема предвидено изградба на ваков мост, туку единствено изградба на пешачки мост над реката Вардар.

Шилегов и по пет месеци како градоначалник нема ниту еден свој проект. Граѓаните на дело ја гледаат безидејноста и неспособноста на Шилегов“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на градоначалникот Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина