Електронската пошта во 2012 година ја користеле 2,2 милијарди луѓе, во виртуелниот простор имало 634 милиони веб страници и регистрирани се 246 милиони домени.
Порталот Мешабл наведува дека најголем сервис за електронска пошта е „Гугл“ со 425 милиони корисници, како и дека годишно на Интернет се поставуваат 51 милион нови сајтови.
Во текот на минатата година постоеле 100 милиони .com домени, 2,4 милијарди интернет корисници низ целиот свет и 1,2 илјади милијарди пребарувања на „Гугл“.
На социјалните мрежи секој ден минатата година се регистрирани 2,7 милијарди лајакови на „Фејсбук“, 175 милиони твитови на „Твитер“, додека опцијата „Гугл +“ е користена неверојатни 5 милијарди пати дневно.
На крајот на 2012 година во употреба биле 1,3 милијарди смартфони, месечно се гледани четири милијарди часа видео содржина на „ЈуТјуб“ и додавани седум петабајти (1 ПБ е 1.000 Терабајти) фотографии на „Фејсбук“.
Веќе е познато дека во октомври „Фејбук“ достигна над милијарда корисници, како и дека „Твитер“ во декември имаше 200 милиони корисници.