Најмногу снег и најстудено изутринава е во Маврово, каде што снежната покривка е седум сантиметри и се измерени минус шест степени. Минус пет степени се измерени во Пожаране, – 4 во Крушево, -3 и во Дебар, Тополчани и Лазарополе, -2 во Берово, Куманово, Прилеп и Штип, а во Скопје – 1.
Изутринава времето во Македонија е облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови врнежите се претежно од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
До крајот на денот ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура денеска во земјава ќе достигне од 1 до 6 степени.Скопје, облачно со врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од североисточен правец правец. Температурата ќе достигне до 2 степена.
Утре се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.