Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека купува 24,9 отсто од акциите на австриската авиокомпанија, основана од поранешниот возач на Формула 1, Ники Лауда.
Планот на „Рајанер“ е да го зголеми својот удел на 75 отсто и доколку добие согласност од ЕУ.
Компанијата „ЛаудаМоушн“ е наследничка на „Флај Ники“, долгогодишна филијала на банкротираниот „Ер Берлин“, кој Лауда го купи откако тој стана жртва на финансиски проблеми на компанијата. Таа компанија планира да врши редовни и чартер летови од Германија, Австрија и Швајцарија, главно до медитеранските дестинации.
Во соопштението се наведува дека вредноста на акциите ќе изнесува помалку од 50 милиони евра, а ќе бидат инвестирани и дополнителни 50 милиони евра.