За „Мал битолски Монмартр“ пристигнати 11.000 цртежи од 34 држави

Од:

Млади ликовни уметници од 34 држави во светот испратиле ликовни творби за годинешната меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

На денешната прес-конференција во детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, организатори на колонијата, раководителот Коста Хаџи Антоновски информираше дека годинава најбројни се апликантите од азиските држави.

– Во Битола пристигнаа над 11.000 цртежи од 350 училишта во светот и тоа е импресивен податок. Во ова големо богатство е вложен голем труд и тоа беше проблем за селектирање и жирирање. За жал, мал е бројот на ликовни творби од ученици од Македонија, и ниту еден од Битола. Сакам да нагласам дека благодарение на подружницата на битолска „Пошта“ навреме го добивме целиот материјал вклучувајќи го и последниот пакет со ликовни творби од Бахамите. Но, нам ни е потребна и дополнителна финансиска поддршка од компаниите и институциите, изјави Хаџи Антоновски.

Со одлука на организаторот гран при наградата за најдобра ликовна колекција ќе ја добијат ученици од Чешка, а наградата за животно дело ќе отпатува во Индија за ликовен педагог од Хадерабад.

Од детското ликовно студио потврдија дека и годинава како гостин во Битола, најбројна ќе биде делегацијата од Хонг Конг, но гости ќе има и од други држави кои освен во Битола ќе творат и во Охрид и Крушево.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

A1on

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Ана Ололовска

Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска