Сугарески на конференција во Софија за европскиот мултимодален транспорт

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески учествува на министерската конференција посветена на европскиот мултимодален транспорт, како можност за подобро поврзување, што се оддржува во Софија, каде ја претстави стратегијата на Република Македонија за развој на мултимодалниот транспорт.

Македонија има изработено физибилити студија во која е утврдена една точка каде се вкрстуваат патничкиот и железничкиот транспорт. Мултимодалниот транспорт во таа точка треба да обезбеди побрзо и поефикасно одвивање на целокупниот транспорт. Во следниот период, потребно е да се изработи проектна документација и да се распише јавен повик за изградба на таква функционлана целина која ќе ги задоволи сите меѓународни стандарди за унапредување на севкупниот транспорт во државата.

– Имавме можност да видиме различни искуства во земјите од Европа како е спроведен мултимодалниот транспорт. Нашата стратегија во унапредување за овој вид на одвивање на транспортот ја претставив пред колегите министри. Сметам дека на сме во вистински правец за олеснување на транспортот во државата преку оваа форма, изјави Сугарески.

Во рамките на конференцијата, Сугарески оствари средба со еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, како и билатерални средби со министрите за транспорт од регионот, на кои ги потенцира заложбите на земјава за реализација на крупните инфраструктурани проекти за регионално поврзување.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска