Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема не е подготвен да го остави зад себе непријателството со својот поранешен соиграч во репрезентацијата на Франција, Метју Валбуена.
Како што е познато, пред неколку години напаѓачот се вмеша во грандиозен скандал откако беше под истрага за учество при уцена на Валбуена со секс снимка. Оттогаш Бензема не се најде во изборот за настап за селекцијата на Франција, а неговиот имиџ беше сериозно нарушен.
Во интервју за „Ле Паризиен“, Валбуена изјави дека е подготвен да ги надмине разликите со сонародникот.
– Ако добијам шанса, ќе ја стегнам неговата рака, вели актуелниот играч на Фенербахче.
Се чини, сепак, дека Бензема сé уште е лут на него. Напаѓачот објави на Инстаграм скрин-шот со изјавата на фудбалерот, и напишал: „Чувај си ја раката“.
Случајот со секс снимката датира од 2015 година, а минатиот јули Бензема беше ослободен од судот за учество во уценувањето.