Одбележан 20-годишниот јубилеј на гевгелискиот хор „Гортинија“

Од:

Со богата програма во која беа застапени неколку госпел напеви и творби од Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски, градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија го одбележа 20-годишниот јубилеј од своето постоење со славенички концерт на кој како гости настапија членовите на академскиот хор „Кораис“, од Солун, кои се претставија со извадоци од балетот „Зорбас“.

Пред почетокот на музичкиот дел на присутните, меѓу кои беа заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, претставникот на македонскиот конзулат во Солун, Златко Котевски, директорот на МОБ,Ќазим Асотиќ, и градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, им се обрати основачот Атанас Атанасов кој говореше за основањето на хорот „Сава Михајлов“, претходникот на хорот „Гортинија“ и за многубројните постигнати признанија.Тој потенцира дека неговата љубов кон хорската музика потекнува од фактот што многумина познати светски композитори сметаат дека човечкиот глас е најсовршениот музички инструмент.

Своето задоволство од работењето на хорот и постигнатите резултати го истакна и сегашниот диригент Илија Атанасов, кој потенцира дека преку добиените признанија и награди во изминативе 20 години хорот „Гортинија“ успеа да се етаблира како препознатлив бренд на општина Гевгелија и Република Македонија.

Хорот „Гортинија“ зазема посебно место во гевгелиската музичка историја како прв музички ансамбл кој покажува високо вреднувани резултати пред домашната и меѓународната музичка јавност.

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он