ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е киднапирана и срушена држава

Од:

„Во Македонија не се живее подобро. Владата залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани.

Нема нови проекти, не се реализираат ветувања, не се работи апсолутно ништо. Имаме уназадување на стандардите во секое поле.

Стануваме држава каде сиромаштијатa расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа.

СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење.

Најпрво го узурпираа Собранието, ги прекршија сите можни процедури во Собранието и на сила го донесоа неуставниот закон за јазици. Неуставниот закон за јазици го подели општеството и наместо интеграција донесе дезинтеграција.

Во Република Македонија владее хаос. Нема поголеми плати, пензии, нема поголем стандард за граѓаните. Младите се иселуваат, а ветувањата за подобар живот останаа мртво слово на хартија.

Македонија е киднапирана и срушена држава. Ги киднапираат и узурпираат институциите, законите, Уставот, а главната одлика им е рушењето.

Киднапираните институции служат само како политички инструменти за пресметка со неистомислениците. Затоа актери, режисери, архитекти, пратеници и останати се жртви на монтирани обвиненија за тероризам и без никаква основа се држат во притвор. На Зоран Заев му треба дефокусирање од катастрофалните антидржавни политики и сеење на страв и замолкнување на сите што мислат поинаку.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат одговорна власт која ќе се грижи за нив и нивните интереси.

Оваа власт мора што поскоро да си замине и да дојде нова сила и нова надеж за Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски