ФОТО: По силниот ветар кој предизвика штети во крајбрежниот појас заседаваше кризниот штаб

Од:

Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. За справување со последиците, заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид, на кој беа договорени конкретните активности на надлежните служби и нивна координација.

Нивото на Охридското Езеро е на 693,78 метри и тоа е 3 сантиметри над дозволената кота од 693,75 метри. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри. Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда.

Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад.

Утре од седум часот се продолжува со чистење. Ќе бидат ангажирани сите ЈП со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите. Правните и физичките лице кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен, соопштуваат од Општина Охрид.

Од Кризниот штаб се апелира да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски