Скопје домаќин на меѓународна конференција на РИКО од 20 до 22 март

Од:

Од 20 до 22 март во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција за млади на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) за Западен Балкан.

Организатор е Агенцијата за млади и спорт, а најавено е учество на стотина лица меѓу кои и претставници на управниот одбор на РИКО и на младинските организации од другите држави на Западен Балкан. Организаторите го најавуваат како гостин и премиерот Зоран Заев.

– На некој начин идејата за организирање на настанот е да го преземеме приматот на РИКО, бидејќи нивната канцеларија се наоѓа во Тирана, првиот човек е од Србија и во таа канцеларија има луѓе од сите земји, а ние немаме некаква инфлуенција, иако како држава можеби во некои од процесите сме најнапред од сите земји, нагласи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата сака што повеќе македонски организации да аплицираат, да добиваат грантови и да ги користат поволности што ги нуди РИКО.

– Идеата на РИКО е вмрежување меѓу младите, што значи дека доколку сакате да аплицирате за некој проект морате да бидете партнер со друга младинска организација што не е од нашата земја, посочи Каевски.

Учеството на Агенцијата за млади и спорт во буџетот на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан изнесува 138.000 евра, а се очекува преку грантови да бидат вратени двојно повеќе средства кои ќе бидат преточени во проекти, а од нив директна корист ќе имаат младите во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска