Дебата: Жените не се заинтересирани за учество во креирањето на општинските буџети

Од:

Од анкетирани 900 жени во 11 македонски општини, само една ја знае висината на општинските буџети, беше речено на денешната дебата во Струмица „Кон родово инклузивен буџет во Општина Струмица“.

Дебата ја организираше „Акција Здруженска“ во соработка со „Организација на жени“ од Струмица.

– Покрај ваквите алармантни сознанија, уште полошо е што на прсти може да се издвојат жените што биле вклучени во програмирање мерки, особено за буџети. Тоа се обично жени активни во граѓански здруженија или се дел од локалната структура на институциите. Најдраматично е што жените сметаат дека не треба да се мешаат во финансиите на општината. Овој факт навистина треба да ги загрижи локалните власти, бидејќи не е јасно на што ги темелат своите буџети ако не ги прашаат и граѓанките што им треба и што им е приоритет, истакна Марија Савова од „Акција Здруженска“.

Според неа, за да се промени ваквата состојба, општинските власти треба да ги отворат процесите на планирање и да бидат транспарентни, да ги информираат граѓаните, посебно жените, кои се сосема исклучени од одлучувањето.

Во буџетите на општините многу мали средства се наменети за потребите на жените, посебно за женските фондови за претприемништво. Овие средста во вкупните буџети учествуваат со многу мал процент.

Дебатата во Струмица е дел од активностите од проектот на „Акција Здруженска“- „Застапување на родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација од Шведска.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски