Поранешниот тренер на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ Пеп Гвардиола, кој од идната година ќе го предводи германскиот клуб „Баерн“ од Минхен, ќе биде најплатениот тренер во светот со 17 милиони евра.
Гвардиола ќе заработува речиси два милиони евра повеќе од моментално најдобро платениот фудбалски тренер во светот, тренерот на Реал Мадрид, Португалецот Жозе Мурињо, кој заработува 15,3 милиони евра.
Третиот најдобро платен фудбалски експерт е Италијанецот Карло Анчелоти кој во ПСЖ добива 13,5 милиони евра, а неговиот заменик Марчело Липи во кинескиот „Гвангжу“ заработува десет милиони евра.
Следат Алекс Фергусон од „Манчестер Јунајтед“ со 9,4 милиони евра, Арсен Венгер во „Арсенал“ со 9,3 милиони евра и Гус Хидинк со „Анжи“ со 8,3 милиони евра.