Атлетико Мадрид е првата екипа која обезбеди место во четвртфиналната фаза на Лига Европа.
Шпанскиот клуб оствари убедлива победа од 1:5 на гостувањето во Москва против Локомотив и со вкупни 8:1 оди понатаму.
Кореа во 16 минута му донесе водство на Атлетико од 0:1, а Рибус израмни само четири минути подоцна.
Првото полувреме заврши 1:1, но во вториот дел Саул Нигез му донесе водство на шпанскиот тим, а потоа Торес за пет минути двапати се впиша меѓу стрелците, еднаш од пенал, вторпат по асистенција на Кореа. На пет минути пред крајот на регуларниот дел Антоан Гризман постигна гол за конечни 1:5.
Победата на Атлетико остана во сенка на тешката повреда на левиот бек Фелипе Луис.
Несреќата се случи во 62-та минута, кога напаѓачот на Локомотив Едер се обиде да шутне, но наместо топката со сета сила удри по ногата на Бразилецот.
Фелипе Луис падна и со силни извици бараше лекарска помош. Фудбалерот со болки по неколкуминутна интевенција беше изнесен од теренот со носилка.