Аналитичари: Опозицијата не се враќа без предвремени парламентарни избори

Од:

Политичка криза. Има ли излез? Колкава ќе биде штетата за Македонија, доколку власта остане на ставот да организира локални избори и без опозиција?

За дел од експертите заканата и диригирањето на министерот за финансии за тоа како да се однесува обезбедувањето за да ја исфрли опозицијата од собраниската сала е мешање на извршната власт во законодованиот дом.

Тоа што се случи во и околу Собранието, вели Рамадан Рамадани, е толку голем проблем за демократијата во Македонија што допрва ќе престои редефинирање на односите во државата. Со истерување на целата една парламентарна група неповратно е нарушен легитимитетот на Собранието и тој, вели, опозицијата не се враќа без некој голем политички договор или предвремени парламентарни избори. Во ова, според Рамадан Рамадани, аналитичар, институт “Нисма“, се состои и силината на аргументот за барањето на здружената опозиција за предвремени парламентарни избори.

„Ако се опстане на веќе обзнанените ставови од власта и опозицијата и некако се одржат локални избори со бојкот на опозицијата, тоа може да донесе големи штети на цели процеси кои се одвиваа во Македонија. Пред се тоа ќе се одрази на децентрализација, меѓуетничките односи, и евро-интеграциите. На децентрализацијата, со тоа што целиот процес може да се оспори заради губење на некои општини, кои претходно биле управувани од етнички македонци или албанци на сметка на другите. Меѓуетничките односи, заради можноста од изборни инциденти во етнички мешаните средини и евро-интеграциите заради непотполно функционирање на Собранието и партиската контрола на државните институции“, вели Рамадани за А1он.

Локалните избори, посочува, без учество на опозицијата можат да обзнанат еден нов момент во политиката во Македонија а тоа е политичката непреставеност. Малите бројки на политичка вклученост на албанците што се гледа од последователниот пад на општиот број на гласови во шестата изборна единица и со едвај преминетиот минимален законски праг во скорешните локални избори за општина Сарај. Се позголемениот број на македонски граѓани кои се определуваат за бугарско државјанство и кои не се заинтересирани за овдешниот политички процес. Кога на ова ќе се додаде евентуалниот бојкот на здружената опозиција, сето ова може да извади на виделина голем јаз во политичката преставеност во целина. Нешто што само по себе е опасно за иднината на секоја држава и општетсво, посочува Рамадани.

За случувањата , дипломатските укажувања, независно од каде доаѓаат, СДСМ треба да се залага за прецизно дефинирање на работите, укажува аналитичарот Даме Чкатроски .

Смета дека секоја проблематична точка и секоја можен проблем треба да се стават на хартија, а потоа да се организира една проширена лидерска средба, на која медијатори би биле да бидат ЕУ и САД.

„Без прецизно дефинирани точки и услови неможе во оваа ситуација да се притиска СДСМ да се врати во парламентот. СДСМ друг избор немаат. Без ова секој напор на САД и ЕУ е само пролонгирање и подгревање на уште поголеми проблеми во Македонија.Несмее да има следен пат , доколку има следен пат САД и ЕУ ќе го изгубат сиот кредибилитет“, вели Чкатроски.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска