Ребаланс на буџетот на Кочани заради исплата на тужбени барања во градинката

Од:

Советот на Општина Кочани, на својата редовна осма седница изгласа измена на распоредот на средствата од Буџетот за 2018 година.

– Со оваа измена намалуваме средства на две потставки до 20 отсто, колку што е и законската рамка, а зголемуваме една ставка во висина од 665 илјади денари поради достасани судски решенија за исплата во детската градинка, образложи Дејан Рашков, раководител на Секторот за финансии во Општина Кочани.

Според директорката на градинката „Павлина Велјанова“ – Кочани, оваа институција се соочува со проблеми произлезени од тужбени барања на петмина воспитувачки против решенија за распоред на работно место и за исплата на долг за разлика во плата од работно место негувател на работно место воспитувач за период од три години.

Досега градинката во Кочани исплати над 580 илјади денари по основ на судски решенија со извршување, а треба да исплати уште толку за основен долг и камата што секојдневно расте.

Членовите на Советот реагираа за ултимативното, и како што рекоа неетичко однесување на дел од вработните во градинката, кои го доведуваат во прашање нормалното функционирање на оваа воспитна институција во Кочани.

Би можело да ве интересира

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски