Германија нема да го бојкотира Мундијалот во Русија

Од:

Германската фудбалска унија (ДФБ)се спротивстави на бојкот на Светското првенство 2018 година кое од 14 јуни до 15 јули ќе се игра во Русија.

Претседателот на ДФБ Рајнхард Гриндел смета дека таквата мерка не дава никаква смисла и може само да направи штета.

– Хари Кејн и другите играчи од тимот на Англија може да го пропуштат Светското првенство 2018 поради нивните политичари. Да речеме дека Англија нема да дојде на Мундијалот. И што тогаш? Ние сме за дијалог, а не за бојкот. Треба да градиме мостови. Бојкот нема да прави добро. Олимписките игри во Кореја покажа дека спортот може да сполтува, рече првиот човек на германскиот фудбал.

Реакцијата на Гриндел доаѓа по изјавата на британската премиерка Тереза ​​Меј дека Владата ќе го разгледа прашањето за можен бојкот на СП 2018 година како една од можните мерки против Русија поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он