Латас на суд за бесправна градба на викенд-куќите во Зелениково

Од:

Во Кривичниот суд, денеска треба да почне судскиот процес на СЈО, познат како „Тревник“, во кој првообвинет е бизнисменот и новинар, Драган Павловиќ – Латас, заедно со Срѓан и Ѕвездан Павловиќ.

Нив Специјалното јавно обвинителство ги обвини за бесправна градба на три куќи во Зелениково. Советот за оценка на обвинението пред повеќе од 1 месец го одобри обвинителниот акт за овој случај.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до 24.1.2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градењето граделе без одобрение коешто треба да го издаде надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.

Ова е второ обвинение за Латас по обвинението „Тотал“ кое е во тек, а каде што тој е обвинет дека затајувал данок.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он