Според листата на Форбс, бразилската убавица Жизел се уште е најплатениот модел на светот. Во последните 12 месеци, десетте најплатени модели на светот заедно заработиле блиску 100 милиони долари.
На седум од првите десет места на листата се наоѓаат девојките од Викторија Сикрет, пренесува The Telegraph.
Според проценките, Жизел од мај 2011. до мај 2012. година заработила 45 милиони долари.
Второто место по заработка го зазема Кејт Мос, со „само“ 9.2 милиони долари, а третото Наталија Водјанова со заработка од 8.6 милиони долари.